Македонија
19. February 2016 - 14:19

Потпишани договори за финанасирање проекти на здруженија на граѓани за 2016

Дваесет и шест проекти на невладини организации, здруженија и фондации ќе бидат финансирани од Општина Гази Баба.

Договорите за финанасирање на програмските активности на невладиниот сектор пријавени на јавниот повик објавен во август 2015 година ги потпишаа денеска на средба со градоначалникот на Општината Тони Трајковски.

На Јавниот повик беа поднесени 31 проект, а според објавените критериуми комисија составена од општинската администрација ги избра 26-те.