Невреме ја зафати и Струмица
Краткотраен но силен пороен дожд попладнево зафати дел од струмичкиот регион. Најинтензивни врнежи имаше во градот Струмица, поради што повторно се поплавија најниските делови од градот, но и уште неколку улици на кои атмосферската канализација не била во можност да ја прифати целокупната количина од надојдените води.
Поплавени се повеќе дворови и подруми, но во моментов нема информации за некои поголеми штети. До сега до надлежните служби пристигнале околу 40 пријави за поплави и по нив веќе се постапува. На терен се сите општински служби заедно со екипите на пожарникарите и Комуналец.
Освен во градот, поради поројниот дожд, излевање на атмосферската канализација имало во еден дел и во селото Куклиш, но и таму веќе се интервенира.
Поради обилните врнежи превентивно на одредено време беше затворена и подземната сообраќајница под плоштадот Гоце Делчев.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар