Македонија
4. July 2023 - 16:39

Две третини од учениците избраа средно стручно образование

За разлика од претходните години кога се бараше место повеќе во гимназиите, годинава спротивно, на топ листата се средните стручни училишта, со дури две третини од вкупно запишаните ученици.

Бројките според МОН се следни - 4.603 се запишани во гимназиско образование, а 10.277 во стручно образование.

187 се запишале во уметничко образование, а 414 во спортска гимназија

Од средното училиште ,,Марија Кири Скодовска'' велат дека праксата која учениците ја добиваат во текот на шkолувањето во секторските компании е клучен фактор за нивното натамошно вработување, а хемиско технолошката струка станува се поатрактивна со кадирите кои ги продуцира.

Врз основа на финализираните ранг листи, за првото и второто пријавување за упис во средно училиште за учебната 2023/24 година се запишале вкупно 15.481 ученици.