Маричиќ: Со САД сме постигнале големи успеси на меѓународен план
Со САД сме постигнале големи успеси на меѓународен план, ќе успееме и со преостанатите обврски од евроинтеграциската агенда. Честитки по повод 4-ти јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави со желби за успех и понатамошен просперитет на американскиот народ, објави на Фејсбук страницата вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Маричиќ натаму наведува дека „247 години независност и слобода кои придонесоа за изградба на систем на вредности кој денес е водич за целиот демократски и прогресивен свет“.
-Посебно ја цениме континуираната поддршка и помош од САД за демократскиот и економскиот развој на Северна Македонија и нивната улога во исполнувањето на нашите амбиции да станеме дел од евроатланското семејство. Верувам дека следниот период ќе биде исполнет со натамошен развој и зајакнување на меѓусебната соработка на сите полиња, во заеднички интерес и во исполнувањето на нашите приоритети и членството во ЕУ, напиша Маричиќ.
Вицепремиерот натаму потсетува дека „со поддршка на САД сме постигнале многу во исполнувањето на нашите стратешки цели, ќе успееме и сега со заеднички напори да ја задржиме стабилноста и просперитетот преку процесот на интеграција, во интерес на безбедноста на Европа“.
Ново на Сител
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика
-
„Спејс-Икс“ најверојатно не е подготвена за месечевата мисија со луѓе во 2027 година
-
Трамп на Генералното собрание на ОН побара запирање на војната во Газа