Прилеп: Спасени две лица кои паднале со возило во река
Спасени биле две лица од возило паднато во река во Прилеп, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи. Лицата се пренесени во прилепската болница, каде на едно му се констатирани тешки телесни повредени, но не е во животна опасност, а на другото лесни повреди и е пуштено на домашно лекување.
- Во 13:11 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, добиена е информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп. Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од прилепската Итна медицинска помош и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екипа од Полициската станица Прилеп, се наведува во соопштението на ЦУК.
Од МВР Прилеп информирале дека ангажираните екипи од Системот за управување со кризи сѐ уште се на терен и е повикана „шлеп“ служба за извлекување на возилото.
Ново на Сител
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра
-
Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%