Косовската полиција упаси уште еден Србин од Северна Митровица, само еден ден по дијалогот во Брисел
Косовската полиција упаси уште еден Србин од Северна Митровица , само еден ден по дијалогот во Брисел. Властите во Приштина велат дека лицето било уапсено поради напад врз припадниците на КФОР за време на протестите на 29 мај. За Белград пак, апсењето е уште еден доказ дека премиерот Курти не сака мир. Ситуацијата на теренот, но и на преговарачката маса е комплицирана. Во Брисел Вучиќ и Курти одбија тет-а-тет преговори, и разговараа само со посредниците. Курти порача дека е отворен за избори, но согласно законските процедури што значи разрешување на посоточеките градоначалници преку петиција на граѓаните кои тоа ќе го бараат. Високиот преставник на ЕУ, Борел, изрази надеж дека двајцата лидери сепак ја сфатиле сериозноста на ситуацијата, но факт е дека на теренот тензиите остануваат. Деновиве се регистрирани низа напади со шок бомби врз станиците на косвската полиција на северот, кои иако не се фатални, создаваат паника.
Режисерот Џејмс Камерон кој го режираше филмот Титаник , а самиот се спуштил десетици пати до потонатиот брод, вели дека несреќата со подморницата Титан била очекувана, бидејки била напаравена од несоодветни материјали. Уште во 2018-та еден од инженерите на компанијата предупредил дека подморницата има безбедносни ризици, но бил отпуштен. Тогаш тој тврдеше дека таа не може да издржи притисок на длабчина од 4000 метри. Камерон првите спуштања до Титаник пред дваесетина години ги напарваил со руската подморница Мир.
Четворицата патници и капетанот на Титан загинаа во имплозија на подморницата. Билетот за оваа авантура наводно ги чинел 250.000 долари од лице. Нивната смрт предизвика различни реакции.
Русија не сака да дава информации за нуклеарното оружје кое го распоредува во Белорусија, соопшти Москва, ниту пак има намера да ги извести САД за тестовите на подморницата Посејдон, која е на нукеларен погон, бидејки тоа не спаѓа во псоточеките договори. На теренот, украинската војска тврди дека напредува, но и дека руските сили се уште ги држат позициите на југот и истокот. Ова е првиот пробој на Украинците по седум месеци, при што се заземени осум села, соопшти Киев. Израел порача дека нема да испраќа оружје на Украина бидејќи стравува дека тоа ке заврши во рацете на Иран.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
