Германија го отфрли тврдењето на Гашиќ дека го штити убиецот на Оливер Ивановиќ
Германската амбасада во Белград денеска категорично го отфрли тврдењето на министерот на српската полиција Братислав Гашиќ дека убиецот на политичарот Оливер Ивановиќ од Косово е под заштита на германските власти, јави дописникот на МИА од Белград.
- Германската Влада нема сознанија кој го убил Оливер Ивановиќ на 16 јануари 2018 година. Категорично го отфрламе обвинението дека сторителот е под заштита на германските власти. Федералната влада не го примила барањето на српските власти за ова прашање, се наведува во соопштението на Амбасадата до агенцијата Бета.
Гашиќ вчера на седницата на српскиот Парламент изјави дека српските власти „точно знаат“ кој го убил Ивановиќ и дека сторителот е „под заштита“ на германските власти.
- Знаеме точно кој е убиецот и побаравме од германските власти, под чија заштита е тој човек, да ни дадат информации. Имаме снимено видео од аеродромот во Тирана, имаме слики од Приштина, имаме слики кога влегол во стан, изјави Гашиќ.
Ивановиќ беше лидер на Граѓанската иницијатива Слобода, демократија, правда, и беше убиен на 16 јануари 2018 година со повеќе истрели од огнено оружје пред седиштето на таа партија во северниот дел на Косовска Митровица.
Ново на Сител
-
Шест полицајци повредени во Нови Пазар во судир меѓу граѓани и полиција пред зградата на Државниот универзитет
-
ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
-
УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
-
Со запален факел од хартија и текстил запалил греди на натстрешница - Истрага за пожар во Струмица
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо
-
Приведен 70-годишен штипјанец, допирал по телото малолетничка