Француска подморница која се вклучи во потрагата по „Титан“ се приближува до локација близу потонатиот брод Титаник
Подморницата „Виктор 6000“ е испратена да помогне во спасувачката операција за пронаоѓање на исчезнатата подморница „Титан“ по барање на американската морнарица. Францускиот истражувачки брод „Атланте“, кој носи роботска потопница, се наоѓа на околу 20 наутички милји северно од местото на потонатиот брод Титаник.
„Виктор 6000“ може да нурне до длабочина од 6.000 метри и може да го исфрли „Титан“ доколку се заглавил на дното на океанот, но не би можел сам да ја подигне подморницата, туку би ја закачил на брод кој потоа би ја подигнал.
Исто така, канадската војска објави видео од летало за набљудување како лета над океанот и фрла уреди што се користат за слушање звуци во водата, пренесува „Јутарњи лист“.
Како дел од потрагата, авион на кралското канадско воздухопловство пребарува оддалечена област на Атлантикот, барајќи траги од подморницата.
Американската крајбрежна стража проценува дека во подморницата „Титан“ има кислород за денеска до 13:18 часот. Би-Би-Си наведува дека капетанот, кој ја води потрагата, изјавил „да бидам искрен, не знам каде се“.
Ново на Сител
-
Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста
-
Петмина повредени од кои три деца во сообраќајка меѓу автобус и две возила на патот Кичево - Гостивар
-
Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“
-
Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина
-
Три активни пожари - во Јасен, Студеничани и Липково
-
Кривична против 43-годишник од Скопје, физички нападнал едно лице со нож во хотел
-
Прегазен 74-годишник во Тетово, возачот побегнал од местото на настанот
-
Сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили и автобус, повредени пет лица, едно лице со тешки телесни повреди