ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема 80 пратеници да ги истурка промените на уставот под бугарски диктат
Уставни измени под вакви услови како што сака власта на Ковачевски на сила да ги турка, нема да има. Јасно е дека во парламентот нема 80 пратеници кои ќе гласаат измени на Устав под бугарски диктат.
Затоа и нервозата кај Ковачевски и СДС станува толку голема, особено после лидерската средба. На виделина излезе дека тие не се заинтересирани да се заштитат националните и државните интереси, туку ги интересира само слепо спроведување на бугарскиот диктат. Затоа лажат, измислуваат, манипулираат, тргуваат со што ќе им текне и што ли уште не.
ВМРО-ДПМНЕ им даде два конкретни предлози, за кои тие се немаат произнесено со конкретен одговор. Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и имаат за цел да ја извадат државата од евроинтегративниот ќорсокак и да го заштитат вековниот македонски идентитет.
Македонија и граѓаните заслужиле за сите жртви кои ги дале сиве овие години, да ги водат пристапните преговори под критериумите кои важеле за сите други земји.
Молкот на СДС и Ковачевски покажува дека не сакаат фер шанса за својот народ и не сакаат да ги заштитат националните и државните интереси.
Доколку СДС ги одбие предлозите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш постои сериозен сомнеж дека се подготвени во процесот на преговори да прават нови национални предавства, нови отстапки кон барањата на Бугарија и да го срозат македонскиот идентитет во целост.
Ковачевски и СДС со својот молк покажаа дека не можат да носат одлуки сами, туку се во целосно заложништво на ДУИ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД
-

Полска одбележува 108 години од независноста
-

Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија
-

Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје
-

Американските акции паѓаат поради раст на инфлација, цените на нафтата се намалуваат
-

Бројот потврдени случаи на ебола во Конго надмина 11 илјади, досега починати 5.387 лица
-

Променливо облачно со повремени сончеви периоди
