-->
-->
ЕУ од март планира да го затвори своите граници за бегалците, тврди Волстри-онлајн
-->
Германското интернет издание „Wallstreet-online“ пренесува анализа на српскиот дневен весник „Данас“ според која Европската унија сака да ги затвори своите граници за сите бегалци вклиучително и за оние од Сирија, Ирак и Авганистан.
Според анализата на весникот кој се повикува на извори во Европската Комисија блокадата на надворешните граници на ЕУ ќе се одвива постепено. Најпрвин надворешните граници на ЕУ треба да бидат затворени за бегалци од Ирак а подоцна и за бегалците од Сирија и Авганистан. Предходно влезот на ткн „Балканска рута“ беше забранет за економските мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка.
Изворите на весникот тврдат дека на границите меѓу Словенија и Хрватска и меѓу Србија и Македонија веќе се прават подготовки за ова сценарио според кое пред некој да биде пропуштен кон ЕУ треба да биде проверен дали ги исполнува усповите за добивањее статус на бегалец.
Бегалците ќе треба да поминат испитување во врска со тоа дали живееле во воена зона, дали имаат членови на семејството во ЕУ, дали го говорат дијалектот од местото на живеење и дали имаат соодветни оргинални документи.
Според извештајот Македонија и Србија се подготвени да прифатат бегалци само во случај тие да се заглавени на патот до ЕУ но никако и да бидат крајна дестинација за мигрантите.
За овие две земји не важи договорот за квоти за кои сега расправа ЕУ затоа што со прифаќае на квоти секоја земја долгорочно ќе треба да прифати одреден број бегалци. Србија веќе се согласила да прифати максимум 6,000 бегалци кои што само привремено можат да се задржат на нејзина територија додека не заминат во некоја членка на ЕУ, се вели во извештајот кој го цитираат германските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје донесе одлука во корист на правото на информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес
-
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
-
Судењето против таткото на Васил Јованов одложено, обвинителниот предлог изменет
-
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
-
Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела
-
Претрес во Пробиштип, приведени две лица, пронајдени дрога и куршуми
-
Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот