На изборите во Грција на 25 јуни ќе учествуваат 32 партии
Од 44 пријавени партии, на претстојните избори во Грција на 25 јуни, ќе учествуваат 32, кои ги исполнија соодветните критериуми и нивните кандидатури беа одобрени од Врховниот суд, додека пак осудениот поранешен пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис повторно не доби зелено светло, јави дописничката на МИА од Атина.
Врховниот суд на Грција, кој е надлежен да ги разгледа доставените кандидатури соопшти дека на изборите ќе учествуваат 26 партии, четири коалиции и два самостојни и независни кандидати.
Меѓу 12-те одбиени кандидатури беше и коалицијата на независни кандидати „Грци за татковината и слободата“ во која учествуваше Касидиарис.
Поранешен пратеник од Златна зора, кој издржува затворска казна на минатите избори се кандидираше со неговата партија, но и тогаш не доби зелено светло, а сега повторно беше отфрлена неговата кандидатура преку новоформираната коалиција.
Одлуката е согласно изгласаниот закон и дополнителен амандман во грчкиот Парламент со кои се предвидува забрана за учеството на изборите на партија чиј претседател, генерален секретар или вистински лидер е осуден за криминално дело.
Касидиарис, кој моментално е во затвор, во периодот од 2012 до 2019 година беше пратеник од Златна зора, а во октомври 2020 година беше осуден на затворска казна од 13 година и шест месеци поради формирање криминална организација.
На претходните парламентарни избори одржани на 21 мај учествуваа 36 партии, а пет од нив го поминаа изборниот праг од три отсто и обезбедија место во Парламентот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
