Огнената топка над небото на Југоисточна Франција беше метеорит

Тезата за „дожд од метеорити“ се потврди, откако повеќе сведоштва во текот на средата вечерта зборуваа за еден вид на „огнена топка“ на небото на југоисточна Франција, посебно во Изер, јавува дописникот на МИА од Париз.
„Ние набрзо проверивме да не станува збор за исчезнат авион„ – објасни за француското радио Франс Инфо, Александар Гримо, директорот на кабинетот на префектот од Изер. „По проверката се отстранети сомневањата, а експертите за цивилната авијација ни назначија дека станува збор најверојатно за дожд од метеорити. Засега не се пронајдени траги од метеорити на површината“ – додаде тој.
Силите на редот и пожарникарите примија повеќе телефонски повици на лица кои изјавиле дека виделе светлосен феномен во небото. Настанот бил околу 18:30 часот, за кој најпрво се мислеше дека станува збор за исчезнат авион или хеликоптер, пред да се потврди дека станува збор за метеорити.
На веб страницата на регионалниот весник „Дофине Либере“ е видлива огнената топка како поминува над планината за време на натпреварот на сноурагби во Валморел во Савоа.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
