Четири жртви во пукање во Јапонија, осомничениот уапсен по 12 часа потрага
По 12-часовна потрага во рурален дел на Јапонија вчера е уапсен маж (31) под сомнение дека извршил повеќекратно убиство, откако четири лица беа убиени во редок инцидент со пукање и прободување со нож, јави телевизијата НХК (NHK).
Осомничениот, инаку, син на шефот на градскиот совет на Накано, во префектурата Нагано, се криел во куќата на неговиот татко, откако наводно застрелал двајца полицајци кои пристигнале на местото на настанот како одговор на пријавата дека една жена е избодена со нож, соопшти телевизијата.
Двајцата полицајци и една жена биле пренесени во болница и по неколку часа била констатирана нивната смрт, јавуваат медиумите.
По нападот починала уште една постара жена. Таа од четвртокот попладне лежела на земја пред куќата и полицијата не можела да пријде до неа, јавуваат медиумите.
НХК соопшти дека осомничениот бил камуфлиран и наводно во престрелката користел нешто што личело на ловечка пушка.
Полицијата го уапсила мажот утринава околу 4:30 часот, околу 12 часа по првиот повик за итна помош, наведуваат медиумите.
Пукањата се исклучително ретка појава во Јапонија, каде поседувањето оружје е строго регулирано и секој што сака да поседува пиштол мора да помине низ ригорозен процес на проверка.
Осомничениот имал дозвола за ловечка пушка, јавува НХК.
Полицијата на префектурата Нагано попладнево треба да одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти сите детали на инцидентот и мотивите на сторителот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден