Од 1950 до 2010 година во Илиноис 451 католички свештеници сексуално злоставувале најмалку 2.000 деца

Во американската сојузна држава Илиноис од 1950-тите до 2010-тите свештениците на Римокатоличката црква сексуално злоставувале околу 2.000 деца, соопшти државниот обвинител.
Извештајот на обвинителот се изнесуваат детали дека црковните лидери често пати ја толерирале и прикривале злоупотребата.
Британските медиуми пренесуваат дека во извештајот од 696 страници, јавниот обвинител на Илиноис, Кваме Раул, изнесува наводи за злоупотреба против 451 католички свештеник во шест епархии.
Во него се потенцира дека во последните шест-седум децении најмалку 1.997 деца биле сексуално злоставувани.
Во извештајот за првпат се објавуваат имињата на 149 свештеници против кои има веродостојни обвинувања за сексуална злоупотреба.
Подготовката на извештајот беше нарачана во 2018 година од страна на претходничката на Раул, Лиза Мадиган, која ја обвини Црквата за недоволно пријавување на бројот на случаи, бидејќи првично беа идентификувани само 103 лица како одговорни за злоупотреба во нејзините редови.
-Децениските одлуки и политики на католичките лидери им овозможувале на познатите злоставувачи да се кријат, рече Раул.
Извештајот е дел од неколку истраги ширум светот за сексуалната злоупотреба во Католичката црква и честата практика да не се казнуваат одговорните, туку да се префрлаат на други места, со што децата се ставаат во уште поголем ризик.
Сите овие скандали го уништија угледот на црквата и претставуваат голем предизвик за папата Франциск, кој во изминатите 10 години усвои низа мерки со цел да се побара одговорност од што поголем број свештеници, но тие имаа делумни резултати.
Ново на Сител
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
-

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда
