Бројката на загинати во поплавите во Италија се искачи на осум лица
Најмалку осум лица загинаа, а илјадници се раселени по обилните дождови што го погодија северниот италијански регион Емилија-Ромања, соопштија денеска локалните власти.
Обилните врнежи предизвикаа излевање на 21 река, кои поплавија улици и куќи, а имаше и прекини во железничкиот сообраќај.
„Најмалку 5.000 луѓе се евакуирани од областа“, рече министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи.
Вкупниот број на градови погодени од поплавите е 36, додека одрони се забележани во 48 градови и села.
Властите ги предупредуваат жителите на погодените подрачја дека врнежите би можеле да траат уште 12 часа.
„Вонредната состојба воопшто не е завршена… Спасувачките операции се сложени и може да ги доведат спасувачите во опасност“, рече Тити Постиљоне, заменик-шеф на италијанската Агенција за цивилна заштита.
Трката во Формула 1, која требаше да се вози во Имола овој викенд, во близина на најтешко погодените области, е откажана. „Одлуката е донесена бидејќи не е можно безбедно да се одржи настанот за нашите навивачи, тимови и персонал“, соопштија организаторите на Формула 1.
Пред две недели слични временски појави предизвикаа најмалку два смртни случаи и голема штета во истиот регион.
Мусумечи рече дека Владата будно ја следи состојбата и веќе има предвидено 10 милиони евра за оваа област.
Италија е погодена од долги периоди на суша во последниве години, но експертите велат дека другите екстремни временски настани, како што се бури и поплави, стануваат сè почести поради климатските промени.
Поради долготрајната суша, почвата го апсорбира дождот помалку од вообичаено, со што се зголемува веројатноста за поплави.
Ново на Сител
-
АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал
-
Пратениците донесоа повеќе закони
-
Празникот на сите светци - 1 ноември неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Приведени двајца бегалци од затвор кои извршиле тешки кражби
-
Министерот Филков во Будва на средба со неговиот унгарски колега Бенце Тузсон
-
Нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и активирање на новата мобилна апликација „Skopjebus”
-
Албанија со историски највисок буџет во 2025 година, проектиран на 8,2 милијарди евра
-
ЦУ: Запленета спортска опрема, храна за миленици, цигари и тутун