Ноер повторно тренира по пауза од пет месеци
Голманот на германската репрезентација и на Баерн Минхен, Мануел Ноер (37), се врати во тренажен процес пет месеци откако се повреди, објави денеска баварскиот фудбалски гигант.
Ноер минатата зима на скијање доби фрактура на десното потколено и се хеликоптер итно беше пренесен во болница каде следниот ден беше опериран.
Баерн објави попладнево дека Ноер се вратил на теренот и почнал со индивидуални тренинзи.
„Среќен сум и не поставувам конкретен датум за враќање. Се обидувам да сторам сè што можам за да извлечам максимум и да напредувам што е можно побрзо“, порача Ноер.
„Секој ден е чекор напред“, додаде германскиот чувар на мрежата, кој во дресот на Баерн има 489 настапи, освојувајќи 29 трофеи, од кои десет титули германски првак и две во Лигата на шампиони.
Откако Ноер се повреди, Баерн го ангажираше швајцарскиот голман Јан Зомер (34), кој потпиша договор до лето 2025 година.
Ново на Сител
-
Предлогот за гувернер денеска нема да биде доставен до Собранието, ќе биде познат следниве денови
-
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
-
„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар
-
„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час
-
Ди Марија ја напушта Бенфика
-
Италијанецот Стано го собори светскиот рекорд во брзо одење на 35 километри
-
Алкараз го совлада Синер за прва титула во Рим