Продолжи судскиот процес за Веапоска, следното рочиште со вештаци од Судска медицина
Со исказ на медицинската сестра, која учествувала во лекувањето на родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која и беа отстранети три органи по породувањето со царски рез во Струшката болница, во Основниот суд во Струга денеска продолжи судењето против тројцата лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.
Следното рочиште е закажано за 21 јуни, кога тројца вештаци од Институтот за судска медицина, по барање на јавниот обвинител преку вкрстено испрашување ќе изнесат наоди од судското вештачење.
Медицинската сестра, која денеска даде исказ на барање на одбраната, раскажа за критичниот ден, од утринската визита кај пациентката се до влегувањето во сала за операција.
Оштетената Веапоска, која остана без матка, јајник и бубрег, во изјава за медиумите кажа дека исказот на медицинската сестра не бил целосно точен и оти таа барала да ја пуштат, но не да си оди дома, туку да ја однесе сопругот во болница во Скопје.
- Јас барав да си одам, но не да одам дома, туку да дојде мојот сопруг да ме земе и да ме однесе во Скопје или било во која болница за да види што се случува со мене, рече Веапоска.
Го повика министерот за здравство да реагира и за нејзиниот случај, за одземање на лиценците за работа на обвинетите доктори.
Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев очекува со исказите на судските вештаци да се расчистат сите дилеми по однос на тоа што се случувало за време на оперативниот зафат и оти многу работи ќе станеле појасни..
- Одбраната има доставено свои медицински вештачења кои се косат со вештачењето од судска медицина. Тука предвидлив исход на одлуката на судот ќе биде да се обезбеди супер вештачење што ќе ја обремени постапката. Подготвени сме и за тоа, бидеќи знаеме што се случувало за време на операцијата и знаеме кој ќе биде конечниот исход на оваа постапка, изјави Јанев по завршувањето на рочиштето.
Сведочењето на медицинската сестра, според него, нема ниту да помогне ниту да одмогне во постапката и оти исказите на судските вептаци ќе бидат важни.
Ново на Сител
-
Уапсен неготинец, возел со 2,38 промили алкохол во крвта
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија
-
Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР