Loading Video...
Свет
7. May 2023 - 16:28
Осум луѓе убиени во напад во трговски во Тексас
Осум лица се убиени, а десетина ранети во напад пред трговски центар во градот Ален во Тексас.
Двајца од повредените со критична состојба. Вооружениот напаѓач излегол од автомобил и отворил оган врз минувачите. Возраста на жртвите се движи од 5 до 50 години. Напаѓачот бил ликвидиран во полициска акција. Мотивот се истражува.
Очевидците сведочат за моментот кога се случило пукањето.
Ваквите напади во САД станаа речиси секојдневие.
Конгресот не успеа да го донесе законот за оружје и покрај ваквиот тренд на масовни убиства.
Во 2019 година во напад во Волмарт во Ел Пасо во Тексас беа убиени 23 лица, а минатата година во истата држава во пукање во основно училиште загинаа 19 ученици и двајца настатавници.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
