Лоша гледаност на новиот документарен филм на Мајкл Мур

Документарниот филм „Where to Invade Next“ на Мајкл Мур на кино-благајните оствари досега најслаб приход во целата негова кариера.
Првиот филм на Мур по шест години, во кој тој патува низ светот во потрага по добар закон што може да се примени и во САД, почна да се прикажува во 308 американски кина минатиот викенд и досега заработи 897.034 долари, односно во просек 2.912 долари по кино.
Тоа е многу помалку од приходот на неговиот филм „The Big One“ од 1998 година, кој во првата недела од прикажувањето во просек заработи по 4,452 долари или од играниот филм „Canadian Bacon“ од 1995 година, со просечна заработка од 3.810 долари.
Приходите од новиот филм на Мур се поразувачки во споредба со „Capitalism: A Love Story“ од 2009 година, кој во секое кино заработи просечно по 57.991 долари.
Мур наводно го одбил „Нетфликс“, кој бил подготвен да го откупи филмот за прикажување, затоа што сакал тој да се емитува во што повеќе кино сали.
Во текот на пролетта „Where to Invade Next“ ќе биде прикажан во ограничен број кино-сали во Германија, Луксембург, Грција, Шведска и Холандија.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
