Суспендирани вработени во затворот „Идризово“ оти го помогнале копањето на тунелот
Суспендирани неколкумина вработени во затворот „Идризово“ за ископаниот тунел во дворот, вели новиот директор на казнено-поправната установа, Зоран Јовановски во интервју за Макфакс.
Сепак, тој, не откри ниту за колку луѓе станува збор, ниту кои се вработените. Тоа ќе биде објавено јавно кога ќе биде поднесен обвинителен акт.
„Има суспендирани, но не можам да кажам колкумина се ниту, пак, какви било други детали. Истрагата е во тек, се работи на расчистување на случајот. Набргу очекуваме и обвинителен акт, но да почекаме да завршат постапките“, вели директорот Јовановски.
Тунелот во затворот „Идризово“ беше откриен пред еден месец, а од МВР известија дека знаеле за него два месеца претходно. Во копањето учествувале најмалку осуммина затвореници осудени за сериозни кривични дела, со казни од 10 години до доживотен затвор. Долг е 40 метри, осветлен и заштитен од уривање со потпори.
Води кон високата заштитна ограда, а лоциран е веднаш до објект што се користел за складирање јаглен во дворот. Затворските работници, иако имале индиции дека има сомнително движење на осудениците околу помошните простории, тунелот го откриле кога почнале подготовка за уривање на помошните простории, меѓу кои и онаа за складирање јаглен.
Ново на Сител
-

Полска бара Мета да биде казнета со 250 милиони евра поради лажни огласи
-

Сахарска прашина над Македонија и пеколни температури за продолжениот викенд
-

Гутереш: ОН мобилизира резерви и персонал за да им помогне на погодените од поплавите во Непал
-

Над 25 милиони Американци помлади од 35 години живеат со своите родители – највисока бројка досега
-

Комисијата за избор на судија во ЕСЧП: Нема да ги коментираме ставовите на кандидатите
-

Грчкиот противвоздушен систем „Патриот“ успешно соборил непријателски беспилотни летала во Саудиска Арабија
-

Во Белгија едно од 20 деца го повторува првото одделение
-

Реките во БиХ се на работ на пресушување поради високите температури
