Зајкова: Да се зголеми периодот на застарување на казните, особено за избрани и именувани лица
Пратениците од Либерално-демократската партија во Собранието поднесоа Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик со коишто се предлага за кривичните дела сторени со злоупотреба на службената должност, особено од избраните и именувани лица, да се зголеми периодот на застарување.
- Со предлог законското решение периодот на апсолутната застареност се зголемува за една третина од моментално пропишаната, односно застареност на кривичното гонење. Воедно се подигнуваат и роковите на релативна застареност на казнивото дело, а се предвидува и преодно решение за одлика, а постои веројатност да застарат, изјави денеска пратеничката и претседателка на ЛДП Моника Зајкова.
Според Зајкова, со донесувањето на законот ќе се спречи застареност на одредени кривични дела кои се однесуваат на службената положба, за кои во праксата се почесто се поведуваат судски постапки, а кои од друга страна најчесто поради одолговлекување или одложување на постапката наместо со казна завршуваат поради застареност. Со тоа ќе се спречи злоупотреба на институтот апсолутна застареност на сметка на владеењето на правото.
- Македонија според Уставот е правна држава, законите мора да важат за сите подеднакво и никој не смее да биде над законот ниту над правдата. Затоа правдата но и казната треба да бидат достапни за сите, и никој кој се огрешил од законот не смее да помине неказнето. Поради истекување на законските рокови на предметите без правосилна пресуда и настапување на апсолутна застареност се спасија симболите на криминогеното политичко подземје. Секој според закон ќе си го добие заслуженото. Позитивни ќе бидат импликациите со враќање на довербата на граѓаните дека правда мора да има за сите и сликата за Македонија во демократскиот свет, вели Зајкова.
Таа додаде дека за Буџетот нема да има финансиски импликации, но ќе има за криминалците, кои досега успеваа, потсмевајќи се да jа избегнат правдата.
Ново на Сител
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
