Пендаровски: Државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите во Уставот
Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека тој преку својот претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став, дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него.
-Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за тие уставни измени, сметам дека тие не се нешто страшно за нас и сметам дека државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите, заедно со другите шест, седум народи, рече шефот на државата, одговарајќи на новинарско прашање во врска со првиот состанок на работната група, на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Косово Вјоса Османи Кадриу.
Пендаровски во врска со денешниот почеток на работната група, рече дека неговиот преставник ќе учествува на работната сесија на групата формирана од Министерството за правда, на која како што истакна треба да се утврди динамиката на работа, колку состаноци се потребни, да се утврди редот во работата.
-Јас се надевам со оглед на тоа што е обврска, која ја знае генералната јавност и сите ние ја знаеме дека тука објективно нема многу работа. Не знам колку седници ќе им требаат, но факт е дека е добро што почнува таа постапка и добро е што ќе се одвива пред очите на јавноста, тука нема скриени агенди, некој да не се плаше дека ќе се направи нешто надвор од она што е веќе воведено во Преамбулата и во нормативниот дел на Уставот за сите останати етнички заедници. Разлика нема да има за Бугарите се разбира, нагласи претседателот на државата.
Свои членови во работната група номинираа дел од полтичките партии и институции. СДСМ за свој претставник ја предложи Цветанка Иванова, Арбр Адеми е од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците.
Од институциите предложени се Александар Спасов од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи.
Министерството за правда минатата недела го објави и тимот експерти кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени. Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати - поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска - поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани - поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски - поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска - професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска - професор на Институт за национална историја.
Од Министерството за правда велат дека списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.
Се очекува, откако ќе се подготват измените, предлогот да ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови
Опозициските партии, меѓу кои и најголемата ВМРО-ДПМНЕ, и покрај повиците од власта, одбиваат да учествуваат во работната група. Остануваат на ставот дека нема да поддржат уставни измени и оти тие нема да бидат донесени за време на овој парламентарен состав.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е одговор на предизвиците што ги носи неизвесноста на глобално ниво и континуитетот на развојните политики што даваат резултат
-

Тројца мртви и четворица ранети на фестивалот на храната во Сиетл, осомничениот напаѓач е уапсен
-

Инфантино до критичарите на СП 2026: Медитирајте, молете се, гледајте фудбал
-

Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит
-

Тошковски: Ниту војската, ниту полицијата не треба да обезбедува водоводи
-

Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата
-

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма за даночно затајување од 3,8 милиони денари
-

Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка, продолжува испораката на флаширана вода
