Свет
16. February 2016 - 23:05

Холандски авиони првпат нападнаа цели на ИД во Сирија

Холандски воени авиони Ф-16 првпат изведоа напади врз цели на Исламска држава во Сирија откако Холандија се вклучи во коалицијата предводена од САД.

- Холандски авиони Ф-16 извршија околу 10 мисии над Ирак и Источна Сирија, се наведува на интернет-страницата на холандското Министерство за одбрана.

Од октомври 2014 година Холандија учествувала во операциите на коалицијата во Ирак со четири авиони ловци, специјализирани за поддршка од воздух на копнените операци на ирачката операција.

- Нападите во Сирија беа насочени кон воени позиции, воена опрема и стратешки цели на ИД, се посочува во соопштението на холандското Министерство за одбрана.