-->
-->
Изречени 213 мерки на територијата на град Скопје
-->
Скопскиот Сектор за внатрешни работи вчера на територија на Град Скопје изрече вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол, известуваат од МВР.
- Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) и друго, информираат од полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
- Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
