Северна Кореја тестираше нов вид балистички проектил
Северна Кореја соопшти дека вчера тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво (ИЦБМ), а лидерот Ким Џонг-ун рече дека тоа претставува голем чекор во способноста на Пјонгјанг да изврши нуклеарен контранапад, објавија државните медиуми.
„Хвасонг-18 ќе ја брани Северна Кореја, ќе ги сузбие инвазиите и ќе ја заштити безбедноста на нацијата, јави државната новинска агенција КЦНА, истакнувајќи оти лидерот Ким Џонг-ун изразил „големо задоволство“ поради успехот на пробното лансирање.
По лансирањето на ракетата беа предупредени жителите на северниот јапонски остров Хокаидо да сеевакуираат, но подоцна наредбата беше суспендирана.
Интерконтиненталната балистичка ракета на цврсто гориво е најсовремен светски стандард и може полесно да се преместува и лансира побрзо од ракетите на течно гориво.
Ново на Сител
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

ОЈО Скопје поднесе обвинение против тројца за тешка кражба во „Железара“
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
