„Левица“ поднесе кривична пријава против секретарот на забранетото здружение „Цар Борис III“

Партијата „Левица“ до Основното јавно обвинителство - Охрид поднесе кривична пријава до против Христијан Пендиков, генералниот секретар на неофашистичкото здружение „Цар Борис III“.
Според охридскиот огранок на партијата, Пендиков во интервју емитувано на 14 февруари 2023 година, на една од најгледаните телевизии во соседна странска држава, намерно дал лажни изјави и клевети кон македонскиот народ и Република Македонија. Според нив, пријавениот во контроверзното интервју ги изнел познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека „Македонците и Бугарите се еден ист народ”.
„Со ваквата изјава, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејствие директно насочено кон разгорување национална ОМРАЗА и нетрпеливост, изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ја нејзината посебност и самобитност“, стои во образложението од „Левица“.
Според тоа, пријавениот се терети дека извршил стек на кривични дела: „Повреда на угледот на Републиката“ - казниво по чл. 178 од КЗ; „Излагање на подбив на македонскиот народ“ - казниво по чл. 179 од КЗ, како и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ - казниво по член 319 став 1 од законот.
Од „Левица“ уште посочуваат дека „доколку се воспостави практика на несанкционирање, институционален молк и обвинителски патернализам на ваквото омаловажување и обезвреднување на основните вредноста на Република Македонија, идентитетски обележја на Македонците и чувствата на македонските Евреи, во пракса може да се предизвикаат сериозни и несогледливи штетни последици по националните интереси и безбедност во иднина“.
Ново на Сител
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
-

Мицкоски од Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања
