ОЈО Гостивар отвори истрага против измамничка која лажно нудела работни визи за Германија
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, измамничка која лажно нудела работни визи за Германија, за продолжено кривично дело „измама“ согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Осомничената, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада во Скопје и во Министерството за внатрешни работи на РСМ, довела во заблуда осум оштетени лица од Гостивар.
- Целта и била, искористувајќи исти или слични прилики, да прибави за себе противправна имотна корист. На жртвите им нудела да им обезбеди работни визи за Германија или сертификати за познавање на германски јазик, а во замена наплатувала парични средства. На тој начин, од сите оштетени, успеала да се стекне со вкупна противправна имотна корист од околу 18.500 евра. Откако ќе им ги земела парите, потоа повеќе не им се јавувала на телефонските повици, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Со цел обезбедување во секој од случаите поединечно, надлежниот јавен обвинител најпрвин предложи на два пати по 48 часа притвор за осомничената, а по истекот поднесе и предлог за определување мерка притвор, по што со решение на Основниот суд во Гостивар на осомничената и е определен притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе