Зеленски: Мир со Русија може да биде постигнат само со наша победа на бојното поле во Украина
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, вчера изјави дека единствениот услов под кој е можно да се постигне мир со Русија е победа на бојното поле во земјата, пренесе агенцијата УНИАН, повикувајќи се на неговата изјава за време на посетата на селото Јагодно во областа Чернихивска.
-На кој начин може да се постигне мир со Русија? Само со победа на бојното поле во нашата земја ..... да се запре Руската Федерација, рече Зеленски.
Според него, во спротивно, по Украина, Русија ќе тргне кон Европа.
-Веќе можете да го видите резултатот од тоа што окупаторите им го прават на градовите во нашата земја, кажа украинскиот претседател.
Зеленски истакна дека за да ја постигне оваа цел, на Украина и треба се што нејзините партнери имаат и можат да обезбедат како помош во оружје и муниција. Тој изрази благодарност до сите партнери за веќе дадената поддршка, која ќе помогне да се спасат животите на Украинците.
Претседателот Зеленски престојуваше во селото Јагодно, во северниот украински регион Чернихив, за да им оддаде почит на храброста на речиси 400-те жители кои Русите ги држеа 27 дена во подрум од локално училиште, пред да бидат ослободени, јавија британските медиуми.
Зеленски во посетата на Јагодно беше придружуван од германскиот вицеканцелар Роберт Хабек и генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ-Буриќ.
Во текот на изминатите две недели, Зеленски посети неколку локации на фронтот во Украина.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока
-
Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг
-
Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
-
Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на Чаир
-
Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово