Македонија
3. April 2023 - 16:41

Младите побараа да бидат вклучени во преговарачкиот процес

Експертската јавност и младите со иницијатива до Владата во преговарачкиот процес да ги вклучи сите сили во општеството по примерот на Хрватска и Словенија со цел тој да биде успешен.

Вратата треба да се отвори за студентиските организации, медиумите, невладините, домашните и мегунатрони експерти кои ке помогнат во реформите но и за  вракање на довербата во  ЕУ  која во последниве  три години е на најниско ниво, од 64 проценти.

Експертите инсистираат дека процесот  не смее да биде екслклузивно право на само една партија или Влада.

На денешната дебата  во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи беше констатирано дека довербата  во ЕУ се врака пред се со   со опипливи реформи, како што се  оние во јавниот сообракај, шалтерскиот систем, и многу други по теркот на европските земји .