Стави појас! - Сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот
Денеска (01.04.2023) во Битола, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот реализираа активности од кампањата „Стави појас“, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.

„Со користењето на сигурносните појаси во возилата, се оневозможува удирање на возачот, односно патникот, со лицето во ветробранското стакло или удар со колената во каросеријата. Човечкото тело и под дејство на инерција останува во седечка положба. Сигурносните појаси значително придонесуваат за намалување на бројот на смртни случаи при сообраќајни незгоди. Статистиката покажува дека во таков случај бројот на смртни случаи се намалува за 60%“, рече претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.
„Веднаш кога ќе влезете во возилото ставете појас. Неприфатлив е било каков изговор. Со тоа секој придонесува за својата безбедност. Појасот штити од потешки последици доколку се случи сообраќајна несреќа. Им благодарам на сите граѓани кои со своето одговорно однесување и почитување на сообраќајните правила и прописи придонесуваат за побезбеден сообраќај. Исто така им благодарам на Факултетот за безбедност, училишта, други институции кои ни се придружија во активностите за подигање на свеста и зголемување на сообраќајната култура”, рече помошник министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски.
На граѓаните на Битола им беше поделен и едукативен материјал со цел укажување на придобивките од користењето на сигурносни појаси и намалување на ризиците во сообраќајот на патиштата.
Ново на Сител
-

Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, дел ќе се враќаат со чартер летови, дел со владиниот авион
-

Утре облачно со локален дожд, а потоа сончево и топло до 18 степени
-

44-годишник загина откако со возилото излетал од патот на обиколницата Скопје - Тетово
-

Голем пожар во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“ | ВИДЕО
-

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина
-

За еден месец полицијата одзела 25 возила на подрачјето на СВР Охрид поради безобѕирно управување
-

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград
-

Кривичен суд: Реализирана прва екстрадиција од Емиратите во нашата земја
