Приведени двајца млади во Тетово поради меѓусебна физичка пресметка
Тетовските полицајци привеле двајца млади, кои ги затекнале додека се тепаат, а во полициска станица биле донесени и две други лица поради попречување на полициска работа. Вчера околу 17 часот двајцата млади на 19 и 20 години биле затекнати како се тепаат на улица „Маршал Тито“.
- Полициски службеници ги привеле Н.Џ.(20) од Република Албанија со времен престој во Тетово и 19-годишниот Д.Р. од тетовска Голема Речица, поради меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот на двајцата инволвирани ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Половина час претходно на улица „Благоја Тоска“ во Тетово приведен е 37-годишник од тетовско Џепчиште, кој поради недоразбирања во сообраќајот, агресивно се однесувал кон друго лице, како и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
-Ноќеска (28 март) околу 2 часот и 30 минути, во тетовско Жеровјане, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Б.Е.(28) од ова тетовско село, кој одбил полициска наредба додека преземале службени дејствија и се обидел да избега, информира Јосифоски.
Службениците на СВР Тетово ќе преземаат уште мерки за расчистување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции