Мишел ги покани лидерите на ЕУ на самит - главна тема ќе биде испораката на муниција за Украина
Шарл Мишел – претседателот на Советот на ЕУ со писмо ги покани лидерите на земјите-членки на ЕУ, на самит закажан за 23 и 24 март во Брисел.
Во писмото Мишел ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор ќе биде Украина.
„Тоа што е најважно, од нашата последна средба во февруари, работиме на итно зголемување на производството и испораката на муниција во Украина. Нашата цел е да и обезбедиме на Украина еден милион парчиња муниција во следните 12 месеци и да обезбедиме соодветно финансирање. За таа цел ќе треба да преземеме мерки за зајакнување на производствениот капацитет на европската одбранбена индустрија“ – рече Мишел.
На 20 март, министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ одобрија план за испорака на „еден милион артилериска муниција на Украина како дел од заедничките напори во следните дванаесет месеци“ во Брисел.
Две милијарди евра европски пари ќе го кофинансираат проектот, а 27-те лидери на ЕУ треба да го одобрат овој план.
Ново на Сител
-
Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина
-
Министерот Муцунски во работна посета на Шведска
-
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Арагчи: Иран нема да се откаже од нуклеарните права
-
Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул
-
Студентите во блокада во Србија подготвуваат листа, бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно радикализација
-
Премиерот Мицкоски на увид на проект за изградба детска градинка во Инџиково
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка