Бондарев: Путин може да биде сменет доколку ја загуби војната
Рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде сменет од власта доколку Русија биде поразена во војната против Украина, тврди Борис Бондарев, поранешен руски дипломат.
-Кога ја почна инвазијата Кремљ веруваше дека украинскиот главен град Киев ќе го освои за само неколку дена. Но, повеќе од една година подоцна, крајот на војната не е на повидок, коменираше Бондарев за „Њусвик“ (Newsweek) за тоа како Путин би можел да реагира доколку Русија ја загуби војната.
„Путин може да биде сменет, тој не е суперхерој и нема никакви супермоќи. Тој е обичен диктатор“, рече Бондарев, кој ја напушти работата како специјалист за контрола на оружјето во руската дипломатска мисија во Женева во мај 2022 година и е единствениот руски дипломат кој јавно поднесе оставка поради војната, пишува загрепскиот N1.
-Ако погледнеме низ историјата, гледаме дека таквите диктатори биле соборувани од време на време. Доколку загубат војна и не можат да ги задоволат потребите на оние кои ја поддржуваат, тогаш обично заминуваат, додаде тој.
Бондарев смета дека доколку Русите сфатат дека војната е загубена, а Путин нема што да им понуди во замена, ќе има „разочарување и несогласување“.
-Можеби тие мислат дека повеќе не им треба Путин, додаде Бондарев, истакнувајќи дека Путин може да се обиде да претстави какви било мали придобивки како да победил во Украина.
Меѓутоа, Бондарев не е сигурен дали Путин ќе може да го убеди своето население бидејќи „повеќето луѓе не сакаат војна, тие сакаат мир“.
„Путин не треба да има што да продава како своја победа. Тој треба да биде понижен“, додаде поранешниот руски дипломат, пренесува загрепски N1.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
-

Зеленски до лидерите во ЕУ: „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година, Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
