Со поворка на живите почна одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи
Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето .на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе”.
Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел- Северна Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава.
Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот.
Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ.
Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.
Ново на Сител
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
