Ердоган најави предвремени избори во Турција на 14 мај
Во Турција на 14 мај ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори, соопшти вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Датумот на изборите ќе стане официјален кога врховната изборна власт во земјата ќе ја одобри одлуката на Ердоган.
Се очекува органот да го потврди датумот набргу по објавувањето на претседателскиот декрет во Службен весник во сабота, пренесе ДПА.
- Нека оваа одлука е од корист за нашата земја и нашиот народ, рече Ердоган во телевизиската изјава од претседателската палата во Анкара.
Изборите првично беа закажани за 18 јуни. Ердоган ги наведе аџилакот, училишните празници и приемните испити на универзитетите кои се совпаѓаа во средината на јуни, меѓу главните причини за поместување на гласањето.
Турските медиуми шпекулираа дека изборите можеби ќе се одложат поради разорниот земјотрес кој пред еден месец го погоди југоисточниот дел на земјата.
Во катастрофата загинаа повеќе од 46.000 луѓе и раселени се речиси четири милиони луѓе во 11 турски провинции.
Илјадници луѓе загинаа и во соседна Сирија.
Ново на Сител
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
-

Ненад Савески предложен за нов државен јавен обвинител
-

26-годишник со двајца другари ги нападнал својата поранешна партнерка и нејзиното момче, користеле и електрошокови
-

Лариџани му се закани на Трамп со елиминација
-

Албанец во Градска болница тврдел дека имал сообраќајка, лекарите откриле прострелна рана
-

18-годишник пукал со плашливец кон сограѓанин по расправија во локал во Гостивар
-

Две лица, 18 и 16-годишник провалиле и ограбиле објект во Крива Паланка
