Маричиќ: Преговорите со ЕУ ни носат финансиска и макроекономска стабилност
Во Брисел денеска продолжува билатералниот скрининг состанок за Поглавјето „Финансиски услуги“, во рамки на Кластерот 2 - „Внатрешен пазар“. На почетокот на состанокот вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, укажа дека процесот на преговори со ЕУ и скринингот, како прва фаза од процесот, води до стабилен, побезбеден и поефикасен финансиски систем.
- Усогласувањето со стандардите на ЕУ во областа на банкарството, осигурувањето, пазарот на капитал и инвестициските услуги ќе обезбеди долгорочна правна и финансиска сигурност, што е во интерес на финансиските институции, потенцијалните инвеститори, но пред сè на граѓаните, рече главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ.
Според денешната скрининг агенда, македонскиот преговарачки тим презентираше за степенот на усогласување и имплементација на законодавство на Унијата во Поглавјето 9 - „Финансиски услуги“, за областите: осигурување, финансиските пазари и хартии од вредност, работењето и надзорот на финансиските институции, антикорупциските мерки во областа финансиски услуги, како и за начинот на соработка на органите надлежни за надзор на финансискиот пазар.
Утре ќе започне билатералниот скрининг за Поглавјето 28 - „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“ кој ќе трае два дена, а в петок ќе се одржи билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 2 - „Слобода на движење на работници“.
Финансиските услуги се од големо значење за доброто функционирање на внатрешниот пазар на ЕУ како еден од темелите на европската интеграција. Најважната цел на правото на ЕУ во областа на финансиските услуги е обезбедување финансиска стабилност на компаниите кои работат во финансискиот сектор и соодветна заштита на потрошувачите, инвеститорите и осигурениците, стои во соопштението од Секретаријатот за европски прашања
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани