Антикорупциска отвори предмет за првиот вицепремиер Артан Груби
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство.
- Имаме отворен предмет по пријава, се постапува по предметот. Кога ќе имаме конкретни информации ќе излеземе во јавноста, посочија од ДКСК на редовната седница.
Членовите на ДКСК, во одговор на новинарска забелешка дека Владата не постапува по нивните препораките за злоупотреба на функција на државни функционери, а во врска и со последниот случај за злоупотреба на службени возила од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговорија дека Владата „треба да се замисли и да води сметка за препораките на Антикорупциската комисија“.
Од ДКСК и порачаа на Владата дека има етички кодекс по којшто може да постапува.
- Од Владата често велат дека не се истражен орган, но имаат етички кодекс по којшто треба да постапуваат. Препораките што ги даваме до Владата, посебно до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, се дека според етичкиот кодекс тие можат да делуваат. Има слабости и злоупотреби, но ние немаме механизми за натамошно делување, велат од ДКСК.
Тие додаваат дека власта може и да не одговори на препораките на ДКСК, но сето ова влегува во извештаите на Европската комисија, особено во овој период, кога се одвива скринингот.
Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков обвини дека Владата, ЈО и ДКСК се уште молчат за, како што рече, „скандалот поврзан со Артан Груби и неговата семејна фирма“.
- Мислат дека ако молчат тоа ќе се заборави. Институциите треба во итна постапка да испитаат како може братот на Артан Груби да се стекне со луксузен деловен простор во строгиот центар на Скопје од 127 квадратни метри, а истиот да е платен само 100.000 евра. Според ова, произлегува дека квадратен метар семејството Груби платиле за само 700 евра, а реалната цена е над 3000 евра. Граѓаните во Скопје за 700 евра по квадратен метар не можат да купат ниту гаража, а не пак супер луксузен локал. Очигледно Артан Груби е фатен во небрано и затоа од една лага влегува во нова. Нема да му помогнат ниту нарачките по портали под негова контрола, нема да му помогнат ниту притисоците врз ЈО, рече утрово Лефков.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен