Македонија
27. February 2023 - 10:32

Дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид

Во 19 средни и осум основни училишта во Скопје и во едно основно училиште во Прилеп денеска повторно има дојави за бомби. Пријава за поставена експлозивна направа денеска има и во Основниот суд во Охрид. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.