Собраниската седница за избор на нови министри ќе продолжи во 20 часот, стартуваа пратеничките прашања
Собраниската седница за избор на новите членови на Владата ќе продолжи во 20 часот и веќе стартуваше седницата за пратенички прашања. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 104. седница за реконструкцијата на Владата, откако почна терминот на пленарната седница за пратеничките прашања.
За расправата по втората точка од 104. седница - Предлог за избор на членови на Владата се пријавија 38 пратеници, а претходно по неколкудневна расправа беа разрешени министрите за здравство Беким Сали, за информатичко општетсво и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор Џемаил Чупи.
Џафери рече дека за изборот на членови на Влада се отвора општа расправа и гласањето е поединечно.
-Една заедничка расправа, а гласањето поединечно, рече тој
Во процедурална забелешка координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека спикерот Џафери претходно дозволил поединечно изјаснување, односно дискусија за секој од тројцата разрешени министри, а сега ја спојува дискусијата за четири министри во една.
-Логички е на волку тензија, на волку собрани министри за разрешување на нивни колеги, да дозволите да се направи расправа поединечна за сите овие четири предлог-кандидати, да продискутираме. На крајот никој не ви брани да гласате и да завршите со кршење на Деловникот, рече Мицевски.
Тој пред гласањето за разрешување на министрите од редовите на Алтернатива процедурално обвини дека поместувањето на почетокот на седницата за пратенички прашања е со цел да се опструира опозицијата да поставува прашања и оти целта е како што вели, „да се наелектризира Собранието и да има тензии доведувајќи ја седницата на раб на инцидент“.
-Ваков преседан со пратенички прашања немало и вие сте пионер иноватор во кршење на деловникот, рече Мицевски и побара седницата за гласање за разрешување на министрите да се закаже во 19 часот.
Ново на Сител
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
