Македонија
23. July 2015 - 9:07

Зголемен интензитет на сообраќајот на патиштата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.