Левица: Партиски членови повикани на „информативен разговор“
Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на Таткото на македонската нација - Гоце Делчев, повеќе членови на нашиот Централен комитет, без никаков повод и причина, утрово координирано се повикани на „информативен разговор“ во полициските станици ширум Македонија.
Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одамна ставени во служба на неоврховизмот, продолжуваат со тактиките за заплашување и притисок врз Левица, како единствена антифашистичка Партија со теренска поддршка - бидејќи целта е да се задуши народниот антифашистички порив.
Наместо репресијата врз сопствениот народ, Министерството на Спасовски ги штити фашистите како Ангел Џамбаски, кога доаѓаат во Македонија, да ни ја негираат посебноста и да артикулираат иредентистички политики.
Тоа што не го разбираат овие политичари-полтрони е дека борбеноста која се содржи во македонскиот народ не може да биде угнетена преку ваквите подли методи својствени за хибридните режими!
Тоа го прават затоа што и тие како нас знаат дека, на крајот, сепак ние ќе победиме!
Левица
Ново на Сител
-
Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг
-
Приведен 18-годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство