Груби: НАТО се направи со Али Ахмети, ДУИ е гарант на мирот
Вицепремиерот Артан Груби на собирот на ДУИ во Бервеница кажа дека ДУИ е гарант на мирот и евро-американски партнер, а Ахмети е тој кој го одржал во живот патот на дијалогот и решенијата за доброто на државата.
„За две недели се одржаа осумнаесет средби на кои лично многу ми се допаѓаат разговорите со граѓаните. Денеска имавме три владини седници, а вчера од Врапчиште соопштив една голема вест дека утре ќе се потпише договорот за Коридорот 8. Настанот ќе биде во 9 часот, а веќе следниот ден комисијата ќе се состане за да ги започне преговорите со „Бехтел Енка“ за да отпочнат работите.
Денеска во Владата ја одобривме одлуката за формирање на Музичкиот театар и со тоа се заокружува институционалниот културен живот во нашата земја.Три седници на Влада, а ниту една минута отсуство од министрите на ДУИ. Денеска ги одобривме и програмите за образованието, животната средина, транспортот и поврзувањето како и сите други програми кои се очекува да се реализираат оваа година. Имаме извонреден тим од министри, заменици министри, државни секретари, директори, заменици директори итн, тимови чија цел е реализација на проекти.
Денеска имаме Албанци насекаде, на државни функции кои некогаш беа само сон за Албанците. Го имаме спикерот на Собранието, Талат Џафери кој веќе е во вториот мандат. Сега имаме целосен консензус, ниту една одлука не била против Албанците, ниту антиалбанска, го направивме и пописот на населението по дваесет години, каде Албанците изнесуваат 19,5 отсто. Вие самите сте сведоци колку се спроведува и колку е успешна програмата на ДУИ, но гледам дека има забелешки за овој успех на ДУИ. Вакви кампањи имало секогаш, особено во клучни моменти за државата. Сега кога сме на прагот на уставни измени, има напади од Мицкоски со фотографии и Апасиев кој се занимава со ДУИ. Зошто ДУИ? Бидејќи ДУИ е гарант на мирот и евро-американски партнер, а токму претседателот Ахмети е тој кој го одржа во живот патот на дијалогот и решенијата за доброто на државата, НАТО се направи со Али Ахмети. Денеска претседателот ја започна оваа кампања за да се потенцира целокупната важност на членството на земјата во ЕУ. Ние сме на вистинскиот пат бидејќи сме на патот на Али Ахмети“, изјави Груби вчера во Брвеница.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350