Кремљ ги обвини балтичките земји за „екстремно агресивен став“ за војната во Украина
Кремљ денеска соопшти дека повиците на Литванија да ѝ се помогне на Украина со испраќање напредни борбени авиони се „доказ за исклучително агресивните ставови“ на балтичките земји.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече дека „големите европски земји“ треба да се спротивстават на таквите ставови.
Изјавата на Песков дојде еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Америка нема да испрати борбени авиони Ф-16 во Украина. Киев неодамна во неколку наврати ги повика своите сојузници да ѝ донираат напредни борбени авиони на Украина за да може да воспостави контрола над нејзиниот воздушен простор.
Украинското воено воздухопловство во моментов користи стари советски борбени авиони. „Скај њуз“ потсетува дека извор од британското воено воздухопловство неодамна одговори „никогаш не вели никогаш“ на прашањето за донации на борбени авиони, додавајќи дека тоа „во моментов не е приоритет“.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
-

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
-

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата
-

Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
-

Објавена е првата официјална фотографија од новата серија за Хари Потер
-

Мицкоски: Од Савески очекувам да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор
