-->
-->
Тага и болка: Погребано детенцето кое почина во градинка, бремената мајка во очај
-->

Двегодишниот Матеја М. од Белград, кој изненадно почина во градинка откако легнал да спие како и секој ден со другарчињата, денеска со голема болка беше испратен во вечното живеалиште.
Малото детенце го испратија неговите родители, 30-годишниот татко Бојан и 5 години помладата мајка Олгица, кои дошле пред десет години во Белград во потрага по подобар живот. До ковчегот неутешно лелекала мајката на момченцето која е во седмиот месец од бременоста.
– Не, нема живот без него, не можам без моето синче, нема ни да го запознае братчето, викала мајката која носи второ дете.
– Детето живо и здраво го однесовме во болница, ни го донесоа мртво, викал таткото.
Инаку, обдукцијата треба да покажа како умрело детето. Воспитувачките тврдат дека било радосно, играло, јадело, па легнало да спие.
Ништо не навестувало дека ќе се случи трагедија. Според докторите, причина за смртта е изненадна смрт или смрт во колевка која често се јавува кај помали деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали
-
Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
-
Германија финансира дронови за Украина
-
Зеленски одликува 226 украински војници
-
ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи
-
Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина
-
Повредени две лица во сообраќајка во Куманово