-->
-->
Силекс ќе се подготвува во Анталија, закажани и пријателски средби
-->
Македонскиот прволигаш Силекс подготовките за продолжението од сезоната ќе ги започне на 26.јануари а од 02.февруари се сели во Турција каде ќе го одработи централниот дел од подготовките и тоа во монденското летувалиште Анталија. Кратовскиот тим ќе одигра пет пријателски натпревари во турскиот туристички центар.
Првиот тест е закажан за 4. февруари против Ресовија Жешов, а потоа следат и дуели со Сутјеска, Согдијана, Динамо Киев и Торпедо Кутаиси.
Во редовите на Силекс оваа зима дојдоа пет засилувања, Стефан Милосављевиќ, Хамза Рамани, Марко Ѓорѓиевски, Халил Мухаремовиќ и Никола Ристески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали
-
Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела
-
Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан
-
Македонските ракометарки во Охрид на мегдан против Египет
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика