Детектор анкета: Граѓаните не ги поддржуваат санкциите против Русија и се противат на воената помош за Украина
Мнозинството македонски граѓани не ги поддржуваат санкциите кои Европа ги воведува против Русија и се противат на воената помош која земјава и ја испраќа на Украина, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор кој денеска ја стартуваше својата 4та сезона, го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според анкетата, 52,5% од граѓаните се противат на санкциите наспроти 32,2% кои даваат поддршка.

Гледано по етничка структура, Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивставени ставови. 58,5% Македонци се против санкциите, наспроти 58,6% етнички Албанци кои даваат поддршка.
62,1% од анкетираните се против тоа Македонија со воена опрема да ја помага Украина наспроти нешто помалку од една четвртина кои даваат поддршка.

Третина од граѓаните или 33,2% сметаат дека „некој друг“ е виновен за војната во Украина. 22,1% вината ја гледаат во Русија, 5,9% во Украина а 15,5% на двете страни. И тука пресекот по етничка структура дава спротивставени ставови на етничките Албанци и Македонците.
За близу 57% Албанци виновник за војната е Русија додека само 10,9% од Македонците вината ја наоѓаат кај официјална Москва. Етничките Македонци во огромно мнозинство, 40,8% сметаат дека „некој друг“ е виновен за војната.
Очекувано, 47% од Албанците ја поддржуваат Украина а само 4,5% Русија.
Македонците, 27% поддршка даваат за Русија, 18% за Украина а најголемиот дел, 42,7% не поддржуваат ниту една страна.
Над половина од граѓаните не ги поддржуваат санкциите на европските земји кон Русија додека поддршка даваат помалку од една третина.
И тука етничката анализа на резултатите покажува дека 58,5% Македонци се против санкциите наспроти 58,6% Албанци кои даваат поддршка.
45,6% од граѓаните сметаат дека Европа има најголема штета од санкциите кои и ги воведува на Русија. 38,6% сметаат дека штета трпат и Европа и Русија додека само 9,6% мислат дека најголема штета трпи Русија.
Близу 18% од анкетираните сметаат дека Русија победува во досегашниот тек на војната. 14,1% се определиле за Украина додека мнозинството или 46,2% сметаат дека ниту една страна не е во предност во досегашниот тек на војната.
Најголемиот дел од граѓаните, 28% сметаат дека Војната ќе продолжи уште неколку години, 24,1% очекуваат крај со крајот на 2023 година додека 9,6% се оптимисти и мислат дека крајот на војната ќе биде на крајот од оваа зима.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
Ново на Сител
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
