Менди ослободен од обвиненијата за шест силувања, го чека судење и за седмо

Судот во англискиот град Честер го прогласи денеска францускиот фудбалер Бенџамин Менди за невин за шест силувања и еден сексуален напад, но нему повторно ќе му се суди по две обвиненија за силување и обид за силувањеоткако поротниците не донесоа пресуда.
На крајот од двонеделниот процес во судот во Честер, 28-годишниот Менди беше ослободен од обвиненијата за шест силувања и еден сексуален напад врз вкупно четири жени. Меѓутоа, поротниците не донесоа пресуда по седмото обвинение за силување и обид за силување, за што на Менди повторно ќе му се суди на 26 мај.
На поранешниот француски репрезентативец, кого неговиот клуб Манчестер сити го суспендираше во август 2021 година, му се закануваше казна доживотен затвор, откако обвинителството го обвини за седум силувања, обид за силување и сексуален напад врз жени во неговата вила, вредна шест милиони евра, во областа Чешир.
Второобвинетиот Луис Саха Матури, кој не во роднински врски со поранешниот фудбалер Луис Саха, е прогласен за невин по три обвиненија за силување, а судската порота не донесе пресуда за три други обвиненија за силување и три за сексуален напад.
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
