МОН: Соларни фотоволтаични системи ќе добијат 25 училишта со европски грант

Министерството за образование и наука ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа.
По одобрувањето на грантот, ресорниот министер Јетон Шаќири истакна дека МОН ги реализира заложбите за подобри услови за учење и создавање здрава животна средина.
-Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, ни овозможи да инвестираме во енергетска ефикасност на најмалку 25 училишта. Ефектот е двоен – правиме замена на енергија базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија и истовремено имаме заштеди кај сметките за енергија. Овие средства ќе се реинвестираат во подобрување на условите во училиштата, изјави Шаќири
Училиштата опфатени со новиот проект, претходно беа реконструирани со заем од Банката за развој при Советот на Европа.
Министерството за образование и наука наведува дека подигнувањето на свеста за енергетските прашања и климатските промени кај учениците е еден од неговите приоритети и дека препознавањето на потребите за зелена транзиција е интегрирано во образовниот систем.
-Обука за интегрирање на образованието за животната средина и климатските промени во наставните програми следеа 121 наставник. Целта е во текот на образовниот процес учениците да развијат компетенции, да стекнат знаења, вештини и ставови неопходни за заштита на животната средина и транзицијата кон поправедна и позелена економија и општество, информира МОН.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол
-

Уапсени 12 возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив возел со 3,95 промили алкохол во крвта
-

18-годишна трудна девојка од Шуто Оризари силувана од поранешен партнер
