Јужен Судан: Шест новинари во притвор поради објавување снимка од претседателот со измокрени панталони
Шест новинари се приведени во Јужен Судан откако се појави видео-снимка на која се гледа како претседателот Салва Кир Мајардит се помокрил на официјален настан, соопшти вчера Националниот синдикат на новинари.
Видеото снимено декември, покажува темна дамка, што се шири низ сивите панталони на 71-годишниот претседател додека мирно стои за време на националната химна по повод пуштањето во употреба на новоизградениот пат. Снимката не беше емитувана на телевизија, но беше споделена на социјалните мрежи.
– Новинарите, кои работат за државната радиодифузна корпорација Јужен Судан, беа приведени на 3 и 4 јануари. Тие се осомничени дека биле свесни за тоа дека видеото ќе добие публицитет, изјави претседателот на Синдикатот на новинари во Јужен Судан, Патрик Ојет.
Мајардит е претседател откако Јужен Судан се стекна со независност во 2011 година. Владините претставници постојано ги негираа гласините на социјалните мрежи дека тој не е во добра здравствена состојба.
– Инцидентот е дел од шемата што ја користат безбедносните службеници за да прибегнуваат кон произволно притворање доколку се оцени дека медиумското покривање не ги прикажува функционерите во добро светло, наведе претставникот на Комитетот за заштита на новинарите за Субсахарска Африка, Мутоки Мумо.
Ново на Сител
-
Франција без Мбапе во Лигата на нации
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија