Стефковски и Алабаковски ги дочекаа коледарчињата во дворот на општината
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со пејачот Ламбе Алабаковски утрово во дворот на општината ги дочекаа коледарчињата.
„Му благодарам на Господ за денешниот ден!
Народе мој од срце Ви благодарам!
Немам зборови со кои можам да го опишам моето чувство на среќа и гордост! Дворот на општина Гази Баба беше полн со дечиња, кои носејќи во рацете ѕвезди му пееа на Господ!
Му благодарам на Ламбе Алабаковски што ја прифати мојата покана и утрово заедно со мене беше домаќин на коледарчињата од општина Гази Баба.
На секое дете му подаривме божиќно пакетче како симбол на денот пред Божиќ!
Од тука потоа сите заедно со дечињата се упативме во центарот на нашето Скопје и бевме дел централната манифестација на бадниковите поворки.
Изразувам благодарност до организаторите на овој настан, бидејќи само силни и обединети во нашата вера ќе знаеме како правилно да живееме, но пред и над се да бидеме добри луѓе и да си помагаме меѓусебе.“ - пишува градоначалникот Стефковски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток